
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски на денешниот митинг во Могила кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја истакна успешната четиригодишна работа и реализацијата на бројни капитални проекти произлезени директно од потребите и барањата на граѓаните во Општина Могила.
„Општина Могила може да се пофали со вистинска градежна офанзива, асфалтирани се рекордни 37 улици низ цела општина“, истакна Саботковски.
„Асфалтирана е главната улица „Димче Могилчето“ со што центарот на Могила доби сосема нов, модерен изглед, со атмосферска канализација, тротоари и уреден кружен тек, со ново улично осветлување. Изградена е улица „Шемница“ во Могила и во тек е изградба на улиците „Гоце Делчев“, „АСНОМ“ и „Пелагонија“ во Могила во соработка со Минстерство за транспорт. Исто така во Мусинци се асфалтира улицата до манастирот „Света Петка“. Се асфалтира и главната улица во Трновци. Асфалтирани се улици во Српци, Беранци, Добрушево, Ношпал, Вашарејца, Свето Тодори, Ивањевци што претставува директен одговор на потребите на локалното население. Во моментов се реконструира патот кој ги поврзува селата Српци и Беранци“, истакна Саботковски.
Саботковски истакна дека во новиот мандат со уште поголема одговорност Могила ќе продолжи да се развива и да оди напред како и дека ќе претставува пример за развој, урбанизација и квалитетен живот.
„Во наредните 4 години ќе работиме на проектна документација и обезбедување на средства за изградба на канализации со пречистителни станици во другите поголеми населени места“, кажа Саботковски.
Саботковски додаде дека новата програма е сеопфатна и опфаќа инфраструктура, комунални услуги, како и земјоделие, образование и социјална заштита.
„Еден од капиталните проекти е изградбата на главниот доводен цевковод за водоснабдување на девет села. Проектот опфаќа 24 километри водоводна мрежа и ќе обезбеди исправна вода за пиење за над 2000 жители на општина Могила. Исто така обезбедивме средства за целосна изградба на канализациона мрежа и во село Ивањевци. Во наредните 4 години ќе работиме на проектна документација и обезбедување на средства за изградба на канализации со пречистителни станици во другите поголеми населени места“, нагласи Саботковски.
На крај, Саботковски порача граѓаните на 19 октомври да гласаат за својата иднина, за проекти и дела и ги повика да излезат масовно и обединето да гласаат за бројот 9, за него и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа ве повикувам – излезете и гласајте за работа и докажани резултати, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ! На 19-ти октомври да го заокружиме бројот 9 за мене како кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Верувам во вас, заедно ќе донесеме победа уште во првиот круг“, заклучи Саботковски.