Skip to main content

Родителите на настраданите во Кочани бараат парично обештетување од Владата, сметаат Заев подобро се справил со „Дурмо турс“ и Модуларната во Тетово

На денешната собраниска Анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани родителите на настраданите доставија барање до Владата барање за парично обештетување за смртта на нивните деца. Нивното излагање во Собранието денеска беше крајно чудно и како да се насетуваше дека имаат став дека владата на Заев и Филипче подобро се справуваше со сличните трагедии како Дурмо Турс или пак пожарот во Модуларната болница во Тетово, наместо актуелната власт со пожарот во Кочани.

За пожарот во модуларната во Тетово виновен беше кабелот, додека за случајот „Кочани“ е започнато судење со конкретни обвинети меѓу кои има поранешни и актуелни министри.

Марија Петрушова, претставник на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ нагласи дека нивното барање е овој случај да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен  акцент на правото на живот.

-Ние сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Не можеме да  останеме безгрижни, како што тоа го прават оние кои беа задолжени да го чуваат нашиот живот. Поради  нивната немарност, корупција и неспособност да го исполнат своето основно назначување, нашите  деца се мртви, а многу други остануваат изложени на истиот опасен систем. Оваа трагедија не е  само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го  загрозуваат најосновното право – правото на живот, безбедност и праведност. Она што го доживеавме не е само институционална неефикасност – тоа е системска опасност за сите граѓани. Нашите барања се:  итна и целосна институционална поддршка за сите семејства на починатите во пожарот во Пулс – Кочани, јасен и официјален одговор за причините за продолженото доцнење и целосната  неактивност на институциите,  утврдување конкретни рокови за завршување на сите постапки поврзани со поддршката, разгледување на сите преостанати точки од веќе поднесеното барање. Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно. Да покаже грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа, рече Петрушова.

Поврзани вести