Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Реконтрукцијата на Владата е освежување и чекор напред за следните две години

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој истакна дека владината реконструкција претставува освежување од кое најголеми добитници се граѓаните. Тој исто така посочи дека на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се приклучила Турска демократска партија, покрај коалициските партнери Вреди и ЗНАМ,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.

-Секогаш има простор за нови луѓе јас секогаш го подржувам тоа, така да сметам дека губитник во оваа реконструкција нема , туку има само победници, а тоа се граѓаните, тоа е народот и тоа е оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со владините коалициони партнери Вреди и Знам, тука да надополнам само дека пред вчерашната седница на ИК во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се вклучува и Турската демократска партија. Така да сумирам дека победници на оваа реконструкција се граѓаните и ние продолжуваме да работиме во нивен интерес- вели Манасиевски.

Портпаролот Манасиевски во емисијата изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години, работела чесно, одговорно и транспарентно и реализирала проекти во области како транспорт, образование, дигитализација, економија, плати и пензии. Тој оцени дека Владата ја стабилизирала државата и поставила темели за понатамошен развој.

-Изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ и како влада и како партија покажа и докажа како треба да се работи со една влада односно чесно, одговорно и транспарентно, реализирајќи многу проекти и мерки за граѓаните кои што пред нашето доаѓање, 7 години немавме никаква реализација, од делот на транспорт од делот на образование, дигитализација, економија, плати, пензии и така натаму. Сметам дека изминатите две години ја стабилизиравме државата ги поставивме темелите, очекувам да продолжиме со тоа темпо и да работиме исклучиво во интерес на граѓаните- рече Манасиевски.

На крајот, Манасиевски изрази уверување дека реконструкцијата ќе придонесе за уште поефикасна работа на Владата во следните две години и оцени дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на следните парламентарни избори.

-Ова реконструкција ќе биде освежување и чекор повеќе кон тоа што наредните две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи. Сметам дека одиме во правилна насока и дека ВМРО-ДПМНЕ и коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде апсолутен историски победник на следните парламентари избори- истакна Манасиевски.

Манасиевски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите од опозицијата

Во емисијата „Утринско Еспресо“ на Радио Лидер, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој на самиот почеток истакна дека изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ покажала дека работи чесно, одговорно и транспарентно и посочи дека во тој период биле реализирани бројни проекти и мерки во повеќе области, меѓу кои транспортот, образованието, дигитализацијата, економијата, како и зголемувањето на платите и пензиите.

-Изминативе две години ВМРО-ДПМНЕ и како Влада и како партија покажа и докажа како треба да се работи, чесно, одговорно, транспарентно реализирајќи многу проекти и мерки за граѓаните од делот на транспорт, образование, дигитализација, економија, плати, пензии. Изминатите две години ја стабилизиравме државата, ги поставивме темелите, за разлика од порано сега гледаме еден поинаков пристап во реализација на програмата што е ветена пред граѓаните- рече Манасиевски.

Манасиевски се осврна на темата за Изборниот законик и блокадите од страна на опозицијата, според него станува збор за закон кој е дел од Реформската агенда, а неговото блокирање, како што оцени, може негативно да се одрази врз процесот на обезбедување средства од Планот за раст.

-Видовме сите како заедно здружено со Левицa, Венко Филипче се договорија со десетици илјади амандмани да го блокираат Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда. Тоа што они не очекуваа дека нивниот рејтинг ќе оди надоле го вклучи алармот во двете политички партии, единствена штета со блокирање на овој Изборен законик прават на Македонија. Оние плус средства којшто можеме да ги обезбедиме од Планот за раст, нема да можеме затоа што СДС и Левица заради свои лични, партиски интереси го блокираат овој закон- посочи Манасиевски и додаде:

„Ние повторно ќе бидеме предводници, со најмногу финансиски средства повлечени од Планот за раст, повторно ќе бидеме лидери во Реформската агенда, а тие ќе продолжат да бидат оние коишто ќе пробуваат да и наштетат на Македонија на било каков начин , тоа се потврдува и денес со овој Изборен законик“.

На крај Манасиевски порача дека актуелното парламентарно мнозинство има капацитет да го донесе Изборниот законик, но нагласи дека Владата не сака да ги заобиколува собраниските процедури. Според него, за разлика од претходната власт, законите денес се носат низ јавна расправа и парламентарна дебата, со можност за прифаќање на амандманите.

-ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и може да го донесе законот, меѓутоа и тоа е една клучна разлика од владеењето на СДС и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и оваа владина коалиција, порано се носеа закони со европско знаменце затоа што во дадени периоди не можеа ниту мнозинство да обезбедат на седниците, па ни стигна извештајот од Европската комисија каде што велеа дека е злоупотребувано европското знаменце. Кога се носат предлог закони во Собранието, денеска тие одат на јавна расправа, се дебатираат во Собранието, се прифаќаат голем број на амандмани на опозицијата, голема разлика има и во овој дел, порано си носеа закони коишто им се на нив битни, ги носеа со европски знамиња скоро 90% затоа што немаа мнозинство- дециден е Манасиевски.

Поврзани вести