Skip to main content

Протестите во Скопје со печат од Белград

Протестите во Македонија по повод трагедијата во Кочани е обид да се преслика истото сценарио од Србија и падот на настрешницата во Нови Сад. И едните и другите играат на иста карта, а тоа е емоцијата на народот поради изгубените човечки животи. Доказ за тоа е вчершниот разговор на членовите на Левица со српската инструкторка во кој велат „мораме да го искористиме ова”.

А дека не се работи за никаков граѓански протест покажува и тоа што и во Македонија и во Србија организаторите се партиски членови. Кај нас тие се од Левица додека нивните колеги се од партијата „Покрет слободних граѓана”. Овој Покрет учестуваше во нередите во Белград и Нови Сад. Слични инциденти планираат и активистите на Левица во Скопје.

Протестите се координирани преку регионални центри – Белград е само првиот доказ. Ова е добро уиграна операција со регионален карактер, во која Македонија е следната цел по Србија. Намерата е јасна, слабеење на легитимните институции и власти кои се избрани на избори.

Поврзани вести