Skip to main content

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

Собрание

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.

На средбата Гаши изразил благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Особено била нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.

Претседателот на македонското Собрание упатил благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евро-атлантската ориентација на земјата. Во тој контекст била нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.

Гаши нагласил и дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој исто така изразил уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.

Поврзани вести