Skip to main content

Поранешниот директор на СОЗР обвинет дека со сопругата користеле рен-а-кар возила од компанија која имала договор со владата

Поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски доби обвинителен предлог, за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и за Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените овластувања и без да постои основ за упатување на службен пат надвор од земјата, за себе и за повеќемина вработени во СОЗР потпишувал решенија и патни налози за патување. За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи.

Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име. На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари.

„Во периодот од 27.10.2023 до 14.06.2024 година тој не ја извршил својата службена должност со намера да прибави имотна корист за друг, односно за пилотот вработен во СОЗР. Иако лично присуствувал на состанокот „Flight Safety Atlanta“ и бил информиран дека пилотот и со дополнителните обуки нема да ги исполни прифатливите стандарди потребни за летање со Лирџет 60, тој не го задолжил пилотот согласно Договорот за вработување да ги надомести трошоците за обуката и не го известил надлежниот сектор за да му го прекине работниот однос. Пилотот продолжил да зема плата за работно место капетан-водач на воздухоплов, а со оваа злоупотреба на службената положба обвинетиот предизвикал штета на Буџетот од 5.431.624 денари”, наведува Обвинителството уште едно кривично дело од Мирчевски.

Поврзани вести