
Седумтемина полициски службеници од Кочани и Штип, осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.
Од Кривичен потврдуваат дека во тек е нивниот распит по кој судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Обвинителството да им биде определен притвор.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, на прес-конференција, потврди дека осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Освен овие седуммина, пред судија на претходна постапка ќе биде изведено уште едно лице поврзано со кривично правен настан, кое притоа и во овој момент е едно од раководните лица во Министерството за економија.