
Министерството за надворешни работи на Иран денеска соопшти дека нападите врз Јордан се „одмазда“ за американските напади врз иранските танкери.
Иранското МНР наведува дека САД ќе ги сносат последиците од своите непријателски дејствија против Иран.
Како одговор на агресивните дејствија на САД против иранските танкери, вооружените сили, во согласност со нивното вродено право на легитимна одбрана, нападнаа американски воени бази и објекти лоцирани во Јордан, се посочува во соопштението на иранското МНР.
Армијата на Јордан соопшти дека уништила 18 од 20 балистички ракети лансирани од иранска територија, а две ракетите паднале во ненаселени подрачја и нема жртви.(МИА)

Македонски


