Skip to main content

Рељиќ меѓу најдобрите 10 на светската таеквондо ранг листа

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ влезе помеѓу првите 10 на светската ранг-листа во категорија -62кг, додека на Олимписката ранг листа -57кг направи скок од 17 позиции и е на 22 позиција. Во Олимписка ранг-листа се спојуваат две категории во една и затоа рангирањето е посебно.

Со освоениот бронзен медал на отвореното женско светско првенство Г-4 во август во Таијуан, Кина, Рељиќ освои значајни поени за септемвриското рангирање. Ова беа клучни поени за патот кон освојување А норма за Олимписките Игри во Лос Анџелес 2028.

– Изразуваме огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски кои преку Македонска таеквондо федерација, целосно ги покри сите финансиски трошоци за овој многу важен турнир. Со овој резултат Мила ита кон ЛОИ 2028. Мила е единствената Македонка во првите 10 на светска ранг листа во олимписки спорт, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој најавува дека Мила овој месец има три натпревари во Ниш, Хамбург и Варшава каде ќе се обиде да освои нови медали и преостанатите 16 поени од максималниот дозволен број поени кои може да се рангираат за олимписката ранг листа. Златен медал носи 10 поени, сребрен 6 поени а бронзен 3,60

Поврзани вести