
Македонската репрезентативка во таеквондо, Милијана Рељиќ, го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, Италија откако попладнево загуби во четвртфиналната борба во категоријата до 57 килограми. Подобра од неа беше претставничката на Тунис, Шаима Туми, која славеше со резултат 0:2 по две одработени рунди во салата „Џовани Паоло Втори“.
Рељиќ претходно обезбеди пласман меѓу најдобрите осум откако успешно го мина првото коло на турнирот. Сепак, пречката во четвртфиналето се покажа како непремостлива против расположената противничка од Тунис.

Македонски


