Skip to main content

Платите на судиите денеска на седница на Уставниот суд

 Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети.

Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека намалувањето на коефициентите за плати претставува повреда на стекнато право и не се темели на реални околности, посочувајќи судска пракса во која веќе е утврдена разлика во исплатите за јануари 2024 година.

Судот ќе ја разгледува и иницијативата поднесена од Здружението на јавните обвинители преку претседателот Елвин Вели. Иницијативата се однесува на измените на законите за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, за кои подносителот тврди дека го нарушуваат принципот на независност и ја намалуваат предвидливоста на месечните приходи.

Поврзани вести