Skip to main content

Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше. СДС и Венко Филипче или имаат многу лош ПР или мислат дека народот заборава кои се тие, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Заев, викаше како ако го смени името ќе му се скине жицата, го смени, а од жицата ништо.

Сега и Филипче си најде своја жица, ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона бизнис за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот.

Венко Филипче праќа порака до Бугарите дека е спремен на се, и тоа народот го гледа.

Никој не очекува од СДС и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа, затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат.

Поврзани вести