![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250215122021_big_730x400_2.webp)
Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави на денешната прес-конференција.
ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДС и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски од секогаш бил слуга на СДС.
Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо. Нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството.
Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на ЈО седеше Коцевски кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење на корупција рушиме рекорди.
Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски кој треба да се бори против истата никако да не ја види.
На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски доста беше. Одговорност има, потенцираше Петрушевски.