Skip to main content

Пет кандидати во трка за шеф на скопското Обвинителство – Советот на јавни обвинители денеска одлучува

Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи својата 36. седница, на која, меѓу клучните точки на дневниот ред, е и носењето одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Во трката за прв човек на најголемото обвинителство во државата се вкупно пет кандидати. Меѓу нив е и актуелниот шеф на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, поранешен член на Специјалното јавно обвинителство, кое беше распуштено поради коруптивни скандали. Во Јавното обвинителство сè уште е отворен предмет поврзан со исплатата на милионски бонуси во СЈО, случај што доведе до судир меѓу Бубевски и екс-обвинителот Коцевски, како и до реакции од вишите обвинители Хајрулахи и Цветановски.

Покрај Бубевски, за функцијата основен јавен обвинител на ОЈО Скопје конкурираат и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Одлуката на Советот се очекува со зголемено внимание, имајќи ја предвид улогата на скопското Обвинителство и чувствителните предмети што се водат во него.

Поврзани вести