Skip to main content

Перински: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа влезе во Собранието

Фејсбук профил на Златко Перински

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа влезе во Собрание, денеска го презентирав пред комисијата за локална самоуправа и законодавно правната комисија во прво читање, објавни на социјалните мрежи министерот за локална самоуправа Златко Перински.


Овие измени не се само правни корекции – тие се силен чекор кон зајакнување на демократскиот капацитет на нашето општество. На чекор сме до поодговорни градоначалници, поефикасни општини и позадоволни граѓани.
Како Влада, задоволството на граѓаните е нашата најголема мотивација. Токму затоа, оваа реформа не е само уште еден владин проект, туку заедничка победа за сите нас!, изјави Перински.

Поврзани вести