Skip to main content
YkacXiBK5mU

Перински: Поразително е во држава каде што практично сѐ се знае, да се чека САД да презентира одредена состојба

Уставниот суд е практично темелот кој треба да ја цени уставноста и законитоста и пред се правата и слободите на граѓаните и така треба да се постапува од наша страна кон него и од негова страна кон нас. Она што го видовме деновиве, сите оние политички притисоци, мислам дека беа одвишок и тотално непотребни“, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински во новото издание на „Трилинг“, околу тоа дека Законот за употреба на јазиците е ставен на стенд-бај, односно дали е привремено купен мирот или сепак ќе се најде решение кое ќе биде прифатливо и нема да предизвикува турбуленции во општеството.

За него, како што вели, е императив граѓаните да сфатат дека системот полека почнува да функционира, односно сликата на функционален систем во последните 7-8 години не можела да се види.

Ние пред се како граѓани треба да сфатиме и да видиме и системот да ни го докаже тоа дека тој работи во наш интерес, а не против интересот на граѓаните“, смета Перински.

За министерот Перински поразително е за еден судски систем, што во држава каде што практично се се знае, да се нема аргументи сето тоа да се превенира и да се чека на стратешки партнер (САД) да презентира одредена состојба.

Јас ја поздравувам последната одлука на Стејт департментот и можам да констатирам дека ова е и на некој начин потврда на сите оние работи што ВМРО-ДПМНЕ ги збореше не само во предизборието, туку и неколку години наназад. Јас се трудам да кажам дека треба системот да си ги детектира своите слабости и да профункционира, а не да чекаме од странските партнери да ни ги декларираат работите што ние како држава и систем треба да ги спроведеме во целост. Ова треба да биде повик за будење и онаа одлука која што ја има констатирано Стејт департментот сигурно е базирана на докази и како е можно судскиот систем овие години на тие работи да бил резистентен“, додава Перински.

Говорејќи за случувањата во последно време кога 230 албански интелектуалци со писмо се обратија бранејќи ја јазичната рамноправност, претходно стотина македонски научници беа против Договорот со Бугарија и дали во овие случаи патриотизмот или национализмот го поматува рациото, Перински вели дека „патриотизмот е секогаш добредојден, но сите ние мораме да бидеме свесни дека функционираме под кровот на една држава“.

Сите граѓани во оваа држава се рамноправни. Оние политички театри и циркузи кои ги гледаме на дневна основа, а базирани на етнички теми, одговараат само и исклучиво на политичките елити коишто сега се во опозиција“, потенцира Перински.

Говорејќи за претстојните локални избори и дали во ВМРО-ДПМНЕ расте внатрепартиската битка помеѓу Златко Перински и Орце Ѓорѓиевски за иден градоначалник на Скопје, министерот вели дека никогаш нема да дозволи да има внатрепартиска битка.

Со тие луѓе јас сум растел и сум се развивал во политичкиот живот и така ќе биде до крај на овој процес. Самата партија врз основа на анкетите, врз основа на задоволството на граѓаните од перформансите што ние ги испорачуваме како јавни функционери ќе се донесе одлука кој ќе биде потенцијален кандидат за Градоначалник на Скопје“, изјави Перински.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom