
Велосипедист е тешко повреден откако во него удрило возило управувано од малолетник.
Како што соопшти МВР, вчеравечер во 22:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат во село Лопате, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од с.Лопате и велосипед, управуван од И.Х.(50) од с.Лопате.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар Куманово.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонски


