Skip to main content

ФЗО ќе стави фокус на трошоците за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и контролата на боледувањата

Надминување на проблемот со големиот одлив на средства за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и промена на системот на контрола на боледувањата ќе бидат во фокусот на работењето на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински.

Според него, во делот на лекување во странството, во делот на боледување и во делот на ИТ инфраструктура, ако сакаат да превенираат одливи мора да почнат да ги реализираат активностите. Појасни дека вчера имале колегиум, а директорите до утре треба да изготват листа за креирање работна група која ќе ја раководи заменик директорот од дневна основа.

Таму каде ќе има потреба од финансиски импликации за да се надминуваат предизвиците ќе се дообезбедуваат, таму каде што нема ќе ги работиме тековно. Најголем одлив имаме во лекувањата во странство. Иако се трудиме да комплетираме документации, три сектори се вклучени во функционирањето на лекување во странство и еден предмет е распореден во три сектори и нема континуитет, а на годишна основа трошиме просечно 500 милиони денари. За тоа формираме посебна работна група која ќе треба да ги анализира предметите за 2026 години, кои ги има многу за изминатите години, затоа што ниту мериме степен на успешност на интервенции, ниту водиме сметка кои клиники даваат најсоветни услови во делот на одредени односи и тука се остава простор за манипулација и тоа ќе го превенираме“, информираше Перински.

Тоа е едниот момент кој е опфатен во извештајот на Државниот завод за ревизија, а вториот момент кој им е најакутен, се боледувањата.

Според Перински, мора да се смени системот на контрола на боледувањата. Досега, како што информираше, Фондот не ги проверил боледувањата кои се постари од 12 месеци, кои по закон не би требало да бидат веќе боледувања и во моментот правиме контрол на боледување од една до три години, бидејќи имаат и такви случаи, од три до пет години и над пет години, а кога ќе излезат контролите, ќе одат до крај, ако треба и до Обвинителство. Третата најакутна тема е големиот одлив на средства за ортопедски помагала. 

Во делот на позитивната листа најакутно според него, било за пантопразолот, односно нолплазата. Перински појасни дека има три генерики, од кои две генерики се со индикативна листа, значи се препишува со индикации, а пантопразолот може да се препише и од матичен лекар без никаква индикација. Идеја на Фондот не било да се превенира финансискиот аспект на фаворизиране на одредена генерика, туку да се ограничи долгото користење на пантопрозол, затоа што во ниеден случај од референтивни земји за Македонија не е толку либерален, туку во сите земји има индикација или максимален рок на користење на лекот.

Следната недела ќе се сретнам со Здружението на матични лекари и ќе разговараме на оваа тема. Два аргументи има или ќе оставиме на постоечкиот став, позади кој Фондот стои, вклучувајќи го и министерот бидејќи негова е одлуката или ако отвораме безиндикациско подрачје, тогаш ќе отвориме за трите генерики, за да создадеме предуслов на пазарот за сите добавувачи“, посочи Перински и додаде дека е надминат проблемот во делот на антикоагулансите.  

Тој појасни дека има предизвици кои треба да ги менаџираат на дневна основа и тоа го прават и дека најбитно од се што никаде нема прекин на здравствена услуга и стабилно е во делот на снабдување со лекови. Според него, има мали предизвици во онкологија, кои се надминуваат на дневна основа. Перински појасни дека вчера разговарал со директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски и дека за десетина дена ќе имаат се што има неопходно на располагање. 

Поврзани вести