
Седмата самостојна изложба на ликовниот уметник Иван Аџиевски, насловена „Згужвана меморија“, вечерва ќе биде отворена во галерискиот простор на КСП Центар-Јадро во Скопје.
Изложбата, поддржана од Општина Центар преку програмата за култура за 2026 година, претставува уметнички проект што ја истражува меморијата како динамичен и повеќеслоен процес кој се менува под влијание на времето, емоциите и личното искуство.
Поставката вклучува серија дела изработени во техника масло на платно, како и уметничка инсталација преку кои авторот ја проблематизира природата на сеќавањето и неговата променлива форма.
Според најавата, проектот ја третира меморијата како жив и активен процес, при што несовршеноста, промените и деформациите се претставени како составен дел од човечкото паметење и современата уметничка практика.

Македонски


