
Централното собрание на Партијата за движење на Турците (ТХП) на состанокот одржан викендов во Охрид донело одлука партијата да учествува на претстојните локални избори.
Во таа насока, во наредниот период ќе се преземат активности за дефинирање на можните кандидати и подготовка на изборната програма и стратегија, соопштија од Партијата за движење на Турците.
Покрај изборните прашања, на состанокот се дискутирало и за тековни политички и организациски теми, со цел зајакнување на партиските структури.