
Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација.
Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во подрачјето на селата Белушино и Јакреново.
Мешана шума гори во општина Студеничани во регионот на селата Моране, Вртекица, Рамни Габер.
Ниска вегетација гори во село Луботен во општина Бутел.
Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица.
Во општина Кичево, село Тајмиште, место викано „Дарда“, опожарена е високостеблеста букова шума.
Ниска вегетација и шума горат во село Никуштак, општина Липково.
Нискостеблеста дабова шума гори во село Церово, општина Гостивар.
Пожарот во село Мојно, општина Могила, бил ставен под контрола. Таму била опожарена ниска вегетација.
Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Кичево, додека останатите биле во регионот на Радовиш, Струмица, Новаци, Гостивар, Брвеница, Неготино, Велес, Струга, Дебар, Куманово, Студеничани.

Македонски


