Skip to main content

Хрватскиот центар Роберт Рикиќ останува дел од Работнички

Кошаркарскиот клуб Работнички и играчот Роберт Рикиќ ќе ја продолжат соработката и во новата сезона.

По постигнувањето договор, играчот на социјалните мрежи упати порака до навивачите.

Голем поздрав до нашите верни навивачи. Со големо задоволство потврдувам дека ќе го носам истиот дрес и следната сезона. Сметам дека имаме недовршена работа на паркетот и се надевам дека со вашата поддршка и атмосфера каква што знаете да направите само вие, ќе дојдеме до заедничките цели, изјави Рикиќ.

Центарот од Хрватска во македонските клубови има настапувано во Еуро Никел (сегашен Тиквеш ГЛ) и МЗТ Скопје, а ова треба да му биде трета сезона во дресот на Работнички. Тој има настапувано и во: Загреб, Зрињевац, Дубрава, Широки, Будуќност, Игокеа, Зрињски, Сплит, Слобода Тузла, УСК Прага, Пардубице, Башкими и Цибона.

Поврзани вести