
Во тетовскиот регион најголема излезеност за локалните избори до 11 часот се бележи во општина Брвеница. Таму од 16.150 граѓани гласале 1.346 или 8,34 проценти. Слично е и во општина Јегуновце, каде гласале 825 луѓе од вкупно 9.981 гласачи или 8,27 отсто.
Општина Желино брои вкупно 25.731 гласачи, а до 11 часот гласале 1.855 или 7,21 отсто. Во рамки на општина Тетово, од 87.878 граѓани, гласале 5.912 или 6,73 проценти. Во општина Теарце до 11 часот гласале 6,44 отсто од вкупно 22.688 гласачи.
Најмал процент на гласачи има во општина Боговиње. До 11 часот таму гласале 4,48 проценти од избирачите или 1.301 од вкупно 29.088 граѓани со право на глас.