Skip to main content

ОЈО бара притвор за Сабахедин Рустеми и Аки Саити – се гонат за купиштата ѓубре

Скопското јавно обвинителство бара притвор за в.д.директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и раководителот на секторот за управува со отпад Али Саити за кои е отворена истрага купиштата ѓубре низ главниот град.

– Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот. Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести – соопшти попладнево Обвинителството.

Тие се гонат по член 230 став 1 од Кривичниот законик за којшто е предвидена затворска казна од една до десет годни.

Овие сомненија биле утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Поврзани вести