Skip to main content

Охрид пред туристичката сезона: Се паркира и на новата пешачка и велосипедска патека кон плажите

Граѓаните често се жалат дека локалната власт не направила доволно за да има среден град во кој се функционира како треба и убаво да се живее или престојува, но исто така чето, самите граѓани се виновни за лошата состојба на тоа што е направено.

Таков е случајот со Охрид, каде што на обновената пешачка и велосипедк патека која води од центарот кон плажите и хотел „Парк“, некои граѓани си нашле соодветно место за да си ги паркираат автомобилите.

„Среќа во несреќа“ е што времето е поладно за овој период од годината и туристичката сезона се уште не почната, а со тоа има и помалку луѓе коишто поминуваат по овие патеки, па овие возила не пречат на многу луѓе.

Но и порај тоа, не треба да се чека Охрид да се наполни со туристи за да бидат проодни патеките за движење на луѓето и велосипедистите за да се реагира за отстранување на ваквото однесувае. Тоа важи и за локалата власт, но пред се за несовесните граѓани, коишто покажуваат целосно непочитување на тоа што е направено за добробит н сите жители и посетители на македонскиот туристички бисер.

Поврзани вести