
Европската унија на официјалната страница објави дека системот ETIAS со кој граѓаните кои немаат визен режим со Унијата ќе мораа да плаќаат 20 евра при влез е одложен за последното тромесечије во 2026 година. Ова е добра вест и за македонските граѓани кои ќе мораа да се изложуваат на нов трошок при при патување. Како причина за ново одложување е неподготвеноста на земјите-членки за импементација на овој систем.
Но кон крајот на октомври ќе стартува ЕЕS системот за патување во ЕУ.
Што е EES?
EES (Entry/Exit System) ќе биде автоматизиран систем кој ќе бара од британски и други државјани надвор од ЕУ да:
- регистрираат биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија од лицето),
- внесат информации како име, детали од пасош, и податоци за влез/излез,
- пред да патуваат кон Шенген-зоната.
Кои се придобивките?
Намалување на потребата за рачно печатирање на пасошите
Побрзи и поефикасни гранични проверки
Зајакнување на безбедноста на границите
Веста за одложувањето на ЕTIAS денеска ја објави вицепремиерот Александар Николоски.
Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес