
Макотрпна работа, посветеност и реализација на Програмата во делот на здравството, очекува Владата од кандидатот за министер Азир Алиу чиј избор утре ќе биде предмет на дебата во Собранието.
Како што рече денеска владината портпаролка Марија Митева, од Алиу се очекува да направи добра реорганизација во ресорот.
Можам да кажам дека Предлогот ќе биде утре во Собранието и дека ќе наиде на поддршка. Очекувам Алиу да биде посветен на ресорот здравство, да направи добра реорганизација и да ги спороведе сите политики што се наш приоритет, потенцира Митева.