
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да ја прекине функцијата јавен обвинител на Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, врз основа на негово сопствено барање.
Хајрулахи претходно беше суспендиран по поднесување обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Штип, кој се однесува на пет кривични дела „малтретирање во вршење службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Обвиненијата се засноваат на наводи дека во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година, тој користел службена позиција на начин што предизвикал притисок врз пет вработени жени, вклучувајќи недолични изјави и обиди да ги поттикне да потпишат изјави дека биле изманипулирани.
Хајрулахи ги негира сите обвинувања и оцени дека постапката против него е политички мотивирана, поврзувајќи ја со неговата улога во предмети поврзани со бонусите во поранешното СЈО.
На седницата денес, Советот разгледува и други точки, меѓу кои одлуката за избор на нов претседател на Советот и формирање Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

Македонски







