
Македонија мора да успее. И ќе успее. Надежта сте и вие младите и ова е наша заедничка задача. Македонија ја исправаме и даваме резултати, и нив можете да ги видите на патиштата кои ги градиме, во болниците кои ги реконструираме, во школите и градинките кои ги отвораме, во фабриките и инвестициите кои ги носиме. Затоа што се што правам во оваа без малку една година е да не биде како до сега. И затоа што тие кои сега се нудат како опција, длабоко во себе знаете дека не се опција, туку враќање назад. И кога истите тие ќе речат што направивте, државата не е на правиот пат, патот по кој Македонија ја водевте беше пат на инфлација, стагнација и грабеж, срам, предавства, недостоинство. Затоа што денес стигнавме и направивме многу повеќе од многу години кои тие ги потрошија – рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната 34-та Годишна конференција на Унијата на млади сили.
Тој го потенцираше растот на БДП и зголемениот број странски инвестиции во земјава.
Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа за денеска со гордост да кажеме растот на БДП од 3.2 отсто и 4та економија во Европа. Не е доволно, ќе работиме уште повеќе. Но факт е дека од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со рекордни 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што ја прави државата прва во европа по странски инвестиции по глава на жител.
Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од индустриското производство кое беше длабоко во минус денес изнесува 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов.. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи и денес има одговорност и посветеност – рече Мицкоски.
Тој најави нов студентски дом во Штип, во склоп на медицинскиот факултет, онаму, како што рече, каде што ќе биде новиот клинички центар:
Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се градат и осовременуваат. Ви најавувам изградба на нов студентски дом во Штип. 200 нови најсовремени легла за нашите студенти, идните доктори. Во кругот на идниот клинички центар во Штип, благодарение на стратешкото партнерство со обединетото кралство.
Мицкоски потенцираше:
Од срамни и штетни договори до стратешко партнерство со Обединетото Кралство.
Од одземена и обезличена Македонија до Македонија која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори.
Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, кога артановци и разноразни зечевици од државата имаа свој пашалак. Македонија се исправа, и победува. Македонија припаѓа повторно на народот. Ова е ново време. Ова е времето на Македонија.