
Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија.
Денеска во американскиот Стејт Департмент остварив неколку средби на високо ниво на кои што разговаравме за односите помеѓу нашите две држави, информираше министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава која што најмногу ја поддржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка.
Зборувавме за Пан европските коридори 8 и 10 кои што поминуваат низ Македонија, за продлабочување на соработката во следниот период, за трговскиот договор кој што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија, вели Николоски во своето видео обраќање.

Македонски

