Денес присуствував на промотивен настан за отпочнување на проект за интегрирани услуги за енергетски ефикасно реновирање на домови, проект кој е поддржан од ЕУ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Министерството за транспорт ги подржува проектите од аспект на Енергетската Ефикасност, а со цел заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
Преку вакви проекти се бориме за заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард, пишува Николоски во својата објава.