Skip to main content
НЕЛА ВИТОШЕВИЌ, РЕЖИСЕРКА

Во „Три сестри“ ме интересираше да ја истражувам изгубеноста на поединецот во современото општество и да се занимавам со причините

Она што мене ме интересираше да го истражувам денес е изгубеноста на поединецот во современото општество и да се занимавам со причините, вели режисерката Нела Витошевиќ, која ја постави претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов на големата сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) и со која се отвори новата театарска сезона.

Претставата е работена по мотиви на Чехов, кој на Витошевиќ и Васил Христов им послужил како инспирација да напишат нов текст. Како што вели Витошевиќ за „Република“ текстот кој го напишале е една современа егзистенцијалистичка драма која оперира со брз, динаминчен дијалог на една страна и внатрешни длабоки интроспекции на друга страна.

Улогите во претставата ги толкуваат: Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Благој Веселинов, Емил Рубен, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан и Антонио Ташковски.

Идејата беше да создадме силни внатрешни карактери и преку нивните лични кризи да проговориме за општествените кризи. Она што мене ме интересираше да го истражувам денес е изгубеноста на поединецот во современото општество и да се занимавам со причините. Па така во процесот си поставувавме прашања зошто денешниот човек постојано има потреба да почне одново, зошто постојано живее во еден балон на очај, нереализираност, несреќа, кои се причините за тоа, дали причините треба да ги бараме во нас самите, во општеството и во механизмите што нѐ газат и колку минатото и траумите од минатото влијаат на таа состојба. И така во центарот на драмата имаме едно семејство и нивните блиски луѓе и преку таа галерија на девет карактери, гледаме еден општествен распад. Гледаме лично распаѓање, меѓутоа и едно општествено распаѓање во кое се отвора простор каде што се гледа ерозија на хуманизмот и постепено поттиснување на интелигенцијата во општеството денес. Во центарот се тие карактери со тие промашени животи, со нивните погрешни одлуки кои едноставно тие шетаат во тој лавиринт и пробуваат да одговорат зошто е тоа така. Мене повеќе ме интересираше прашањето зошто?, вели Витошевиќ.

Оттука се наметнува прашањето што е она што нѐ спречува да почнеме?

Тоа е едно од клучните прашања којшто пробува да го одговори претставата, а тоа е зошто промената не е можна. Преку подвлекување на аномалиите во општеството и преку тој систем во којшто ние егзистираме и кој постојано нѐ гази, мислам дека е многу тешко да се почне отпочеток. Едноставно и луѓето и општетвото се заглавени во мртва точка. Е сега прашањето е како да се почне од почеток. На тоа прашање допрва треба да најдеме одговор. Претставата го поставува само како прашање, објаснува режисерката.

Во претставата има внатрешни монолози, и како што вели Витошевиќ тоа е еден поетично-ностлгичен призвук којшто влече некои корени од драмата на Чехов. Тоа е една постдрамска структура.

Нела Витошевиќ, режисерка: Во центарот се тие карактери со нивните промашени животи, со нивните погрешни одлуки, кои едноставно постојано тие шетаат во тој лавиринт и пробуваат да одговорат зошто е така. Значи, мене повеќе ме интересираше прашањето: зошто?

Тоа е јазик во којшто се испреплетуваат брзи, денешни секојдневни дијалози и одеднаш се влегува во мислите на ликот. Значи, се случува некаков дијалог и понатаму се влегува во мислите на ликот. Едно е тоа што го зборуваме, друго е тоа што го размислуваме, како некогаш самите пред себе сме лицемерни. Мислам дека тоа се подвлекува и се потенцира со тие монолози. Истовремено психолошки се продлабочуваат ликовите, додава Витошевиќ.

Претставата има специфичен, современ јазик и разликата во однос на Чехов е тоа што таму се случува во 19 век, во текстот на Витошевиќ и Христо се случува на овие простори, денес. Нема географска одредница, се случува тука, но се насетува дека се случува во некоја земја во транзиција.

Ако Москва кај Чехов е симбол за подобар живот, што за денешниот млад човек во Македонија е Москва?

Копнежот не е секогаш само дестинација и тој многу зависи од возраста. Кај младиот човек копнежот е дестинација, некоја нова, во која младиот човек мисли дека може да има подобар живот, поубав живот, поубави услови. Кај постарата генерација копнежот по таму некаде е копнеж за нов почеток. Тоа е исто така и кај Чехов. Зошто никогаш не заминуваат? Зошто се заглавени во мртва точка. Копнеж по нов почеток, копнеж по желба за промена. Промена да го сменам системот, сопствениот живот, потреба да излезам од сопствената кожа и од таа верзија од себе која не ми се допаѓа. Мислам дека капитализмот направи некоја верзија од луѓето којашто на поединецот не му се допаѓа кога ќе се погледне во огледало и едноставно затоа живееме во некој таков балон на депресија, на очај, на беспарица. Тоа се некои аспекти кои го одредуваат нашиот живот и едноставно не тераат да бидеме очајни и да го извадиме најлошото од себе во одредени ситуации. Тука ликовите го вадат најлошото од себе, а во исто време постои некоја љубов како некоја надеж дека ете мора да се продолжи понатаму, завршува Витошевиќ.

Витошевиќ (1984, Скопје) дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2007 година, во класата на проф. Слободан Унковски, каде и магистрира во 2014 г. Од 2017 г. работи во Македонски народен театар – Скопје, како режисер.

Во нејзината биографија се запишани претставите: „Замисли нов свет“ – колаж од делата на Горан Стефановски, „Фирма“ од Роналд Шимелфенинг продукција: Драмски театар – Скопје, „Галеб“ од А.П. Чехов, продукција: Турски театар – Скопје, „Мојот маж“ според раскази на Румена Бужаровска, продукција: Драмски театар – Скопје, „Едвард раце ножици“ (2019), по сценарио на Тим Бартон и Каролајн Томпсон, продукција: Театар за деца и младици, Скопје, „Макбет“ од Вилијам Шекспир, продукција: Македонски народен театар, Скопје, „Странци“, според сценариото „Совршени Странци“, продукција: Драмски Театар – Скопје, „Змејовата невеста“ автор: Димитар Г. Молеров, продукција: Војдан Чернодрински, Прилеп и други…Режисер е на голем број театарски, филмски, музички и медиумски проекти од различен вид, стекнувајќи респективни професионални искуства.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetJOJOBETroketbetcasibomzbahis