Skip to main content

Николоски на средба со американската амбасадорка: Силна подготвеност за унапредување на соработката меѓу Македонија и САД

Министерство за транспорт

Економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија, била во фокусот на средбата на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. 

Николоски и Варнс констатирале дека економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд.  

Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови – стои во соопштението на Министерството за транспорт.

Двајцата говорници го поздравиле стратешкото партнерство меѓу двете земји, исткнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот.

Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, е заклучокот од средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbet