
Каролина и Пијан Славеј ја објавија „Си љубела, ќе љубиш“, нова емотивна песна за љубовта што не може да се запре, но ниту да се задржи засекогаш. Песната ги спојува нивните гласови во приказна за разделбата, спомените и чувствата што продолжуваат да живеат и кога двајца повеќе не се заедно.
Текстот и музиката се на Пијан Славеј, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Драги Иванов. Тој ги свири клавијатурите, акустичната гитара и басот, ги програмира тапаните и го подготвува гудачкиот аранжман.
Песната е снимена во Скопје, во студиото „Скопје ми Скоп“, каде што Драги Иванов ги изработил и миксот и мастерингот. Аранжманот е воздржан и му остава простор на текстот, додека гудачките делници ја засилуваат меланхолијата без да ги потиснат вокалите.
Официјалниот визуелизатор ја продолжува интимната атмосфера на песната. Во него се појавуваат Анастасија Трајковска и Стефан Ристевски, а кадрите се снимени во „ТАКАТ студиос“. Продукцијата е на „Рефајн агенси“, додека постпродукцијата ја потпишуваат Берат Ахметај и „Рефајн агенси“.

Македонски


