Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Никој не сака да биде дел од губитичкиот тим на Филипче

Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче.Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев.

Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС.

Очигледно е дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче.

Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи

Поврзани вести