Skip to main content

Нелоска: Геријатрија беше сведена на дом, ја направивме вистинска специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина

На вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува, Унија на жени“, гостуваше Ленче Нелоска, дерматовенеролог која активно работи на подобрување на геријатријата како област, преку реформи и европски протоколи. Нелоска ја нагласи потребата од развој на геријатриска мрежа, особено со оглед на стареењето на населението. Нелоска додаде дека иако здравствениот сектор е доминиран од жени, во хируршките и менаџерските позиции сè уште преовладуваат мажи. Нелоска предвиде значајни подобрувања преку регионализација и вработување на специјализанти.

Нелоска истакна дека медицината е професија која бара целосна посветеност и љубов, со постојано учење и осознавање.

Уште еднаш да се родам, повторно пак ќе бидам доктор. Медицината е нешто што го сакаш или не го сакаш, и го посветуваш животот на неа целосно затоа што, како што велиме, доктор секогаш е во прво одделение, цел живот учиш, цел живот осознаваш – вели Нелоска.

Нелоска изјави дека со спроведување на реформи и воведување на европски протоколи ја направила геријатријата видлива и ја подобрила негата во болниците.

Она што претходно биле клиниките ГОБ 8-ми Септември, големите болници, Геријатрија беше сведена на дом, меѓутоа ја направив просто видлива, со реформите што се направија внатре, со воведување на протоколи за промена на негата, протоколи што се од европските асоцијации – изјави Нелоска.

Нелоска додаде дека, како член на европската асоцијација за декубитални улкуси, вовела успешни процедури за превенција и третман во Геронтолошкиот завод. Таа додаде дека по промената на власта во 2017 година, овие услуги биле укинати, а се надева дека ќе бидат повторно воведени.

Бев во тој период 4 години член на бордот на директори на Европска асоцијација за декубитални улкуси и просто луѓето почнаа да ме препознаваат по тоа – раните од лежење, кај пациенти коишто долго време се во кревет. Во Геронтолошкиот завод тогашен направив процедури за превенција и третман – домашна посета, дневна болница. Значи, тоа се функционираше во еден одличен систем. Додека од 2017 година не се смени власта, просто тоа се шкртна како со пенкало. И за жал, сè уште не е воспоставено како што треба, меѓутоа се надевам дека следно ќе бидат една од првите работи коишто ќе се направат и ќе се воведат – прецизираше Нелоска.

Нелоска истакна дека, иако најголем дел од работниците во здравството се жени, хируршките и менаџерските позиции сè уште се доминирани од мажи.

Жена во медицина во Македонија, најголем процент од луѓето што работат во здравството се жени, меѓутоа некако сепак оние хируршки потешки гранки и менаџерските позиции сè уште се резервирани за мажи – истакна Нелоска.

Нелоска истакна дека Македонија и светот стареат, со сè помалку деца и се повеќе постари лица. Таа нагласи дека е итно да се преземат мерки за развој на геријатриска мрежа, бидејќи следните генерации ќе имаат потреба од неа.

Македонија, како и Европа и светот, западната цивилизација да кажам, старее. Тоа се евидентни статистички податоци и на било која веб-страна стручна национална да погледнете. Значи, возрасната структура на населението, имаме сè повеќе постаро население, сè помалку деца се раѓаат, така што сега е периодот кога е ургентно да се преземат мерки затоа што ние ќе бидеме во суштина генерацијата на којашто ќе и е потребна добро развиена геријатриска мрежа и структура – кажа Нелоска.

Нелоска изјави дека регионализацијата на здравството, како дел од програмата 1198, е важна и за геријатријата. Таа истакна дека во Македонија има многу болници со неискористени простори кои можат да се адаптираат и опремат за потребите на геријатријата, што би овозможило функционирање на институцијата како референтен центар.

Она што јас лично сметам дека треба да се случи и многу ми е драго што е тоа така, и во програмата 1198 е планирана регионализација на здравството на сите сектори во здравството, геријатријата како дел од здравствениот систем. Низ Македонија имаме многу болници коишто се просторно неискористени, простори коишто можат многу лесно и брзо да се опремат и адаптираат за потребите на геријатриски одделенија, доктори и специјалисти од специјалната болница од геријатрија и палијатива. Во секој случај, може да функционира оваа институција како референтен центар – изјави Нелоска.