Skip to main content

МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началникот ќе биде разрешен

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.

Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.

МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.

Поврзани вести