Skip to main content

За УПОЗ е прифатлив договорот со Владата

– За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.

Во согласност со прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти.

– По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор – се вели во соопштението од УПОЗ.

Владата ги прифати барањата на УПОЗ, изјави претседателот на синдикатот Трпе Деановски по денешната средба во Владата, додавајќи дека прифаќањето важи за додатоците на плата за работниците во

Вчера, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека Владата го прифатила барањето на УПОЗ, но не во целост, и дека е важно што се прифатило да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството.

– Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право – рече Деаноски.

Појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

Тој нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.

УПОЗ вчера преку соопштение информира дека зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за работниците.

– Дополнително, во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори – стоеше во вчерашното соопштение од УПОЗ.

Поврзани вести