Skip to main content

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата и движењето на Македонија во правилна насока

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за извештајот на ГРЕКО кој потврди видливи резултати во борбата против корупцијата во државата.

Митева на почетокот истакна дека после години на низа негативни извештаи со овој извештај Македонија оди исчекор напред и се покажува како одличен индикатор за тоа во каква насока се движи државата и сето тоа што е постигнато за една година.

После години на низа негативни извештаи, на низа нотирани состојби коишто беа во насока на континуирана негација на состојбите коишто се случуваат во Македонија, на она што значеше презентација на Македонија, на она што значеше навистина институции кои што беа во криминал и корупција, добиваме еден исчекор напред, но е одличен показател индикатор за тоа во каква насока се движиме и што успеавме да направиме за една година – рече Митева.

Митева посочи дека извештајот на ГРЕКО ја покажуваат работата на Владата, како и исполнувањето на препораките кои даваат позитивна оценка за тоа како за една година се покажало различно ниво на функционирање на државата и различен систем на водење на институциите.

Ако добро се погледне извештајот на ГРЕКО ќе се види дека навистина има состојби коишто означуваат работа на оваа Влада, исполнување на препораки коишто биле, остануваат уште неколку од нив коишто иако го затворија ГРЕКО извештајот со позитивна оценка сепак имаме цел како Влада и тие коишто се веќе се останати да ги реализираме, не радува ова дека е добар импулс, добар показател, дека за една година успеаваме да покажеме комплетно различно ниво на функционирање, различен систем на управување, различен начин на водење на институциите – децидна е Митева.

Поврзани вести