
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, беше дел од 41. Ретренинг конференција на Европскиот огранок на ФБИНАА во Скопје.
Во присуство на дипломци на Националната академија на ФБИ, претставници на Амбасадата на САД и колеги од меѓународната безбедносна заедница, уште еднаш се потврди важноста на партнерството и размената на искуства во унапредувањето на безбедноста, објави Мисајловски.