
Министерот за одрбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Боро Менков“ се обрати на свеченоста по повод затворањето на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), која шест години беше позиционирана во Куманово.
Уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да преземе одговорност и конкретно да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. SEEBRIG е еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме е потврда дека оваа соработка е практичен и ефикасен инструмент за зајакнување на колективната безбедност, порача министерот Мисајловски.
Од Куманово, Командата на Бригадата се сели во Истанбул, Турција.

Македонски



