Skip to main content

Мисајловски: Нема ништо поубаво кога ќе видите дека сте сработиле за татковината

Нема ништо поубаво кога ќе видите дека сте сработиле за татковината, рече министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски Мисајловски во гостувањето на ТВ Алфа.

Рече дека ги познава многу добро секој еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е важно дека овие четири години нашите градоначалници работеа максимално посветено, но за нас како партија и држава е важно ова да стане нормално, јас би бил најсреќен кога новото нормално во Македонија ќе биде да нема афери, За мене важно е да се работи, да сте чесен и транспарентен, кога знаете дека сте сработиле ништо не може да ве победи колку сакаат да измислуваат другите. Затоа еве ги охрабрувам сите градоначалници да продолжат да работат макотрпно за народот, за граѓаните, да се сплотени со нив, секогаш ќе има предизвици, но поради тие причини кои ги кажавте, дека немаме афери, затоа и на анкетите се покажува дека секаде водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа значи нешто во општеството, истакна Мисајловски.

Поврзани вести