Skip to main content

Мисајловски: Исполнувањето на поставените цели претставува доказ за посветеноста и извонредна подготвеност на нашите припадници и значаен успех и исчекор за Армијата и за Македонија

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски во касарната „Јане Сандански“ во Штип, ги посетивме припадниците од составот на Лесната пешадиска баталјонска група кои беа дел од мултинационалната вежба „Saber Junction 2025“ во Хохенфелс, Германија, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Честитки до сите припадници за високото ниво на професионализам. За прв пат зајакната чета со сите елементи на маневар, на борбена поддршка и со елемент на самоодржливост, изврши распоредување на вежба надвор од државата и успешно ги изврши поставените обврски и задачи.

Исполнувањето на поставените цели претставува доказ за посветеноста и извонредна подготвеност на нашите припадници и значаен успех и исчекор, за Армијата и за Македонија.

Поврзани вести