Skip to main content

Министерство за транспорт: Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај

Министерство за транспорт

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира Министерството за транспорт.

Фото: Министерство за транспорт

Како што посочуваат екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Фото: Министерство за транспорт

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта, посочуваат од Министерството за транспорт.

Фото: Министерство за транспорт

Нагласуваат дека кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел, како што велат, да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.вј/са/

Фото: Министерство за транспорт
Фото: Министерство за транспорт

Поврзани вести