
За мене задоволство е секогаш кога ќе започнеме некој нов проект којшто ќе влијае позитивно врз животот на мештаните, па така и овој овде во Колешино дел од Општина Ново Село, рече денеска премиерот Мицкоски.
Убеден сум дека сите овие проекти ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на локалното население и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме сето она што сме се обврзале пред граѓаните и сето она што сме го ветиле. Дел од тие проекти е и овој проект, како и други повеќе од илјада проекти коишто во овој момент се во фаза или почетна или во некоја поодмината фаза или во завршна фаза коишто се реализираат, а се резултат на онаа поддршка што општините ја добија од Владата изминативе година и половина во вредност од речиси половина милијарда евра, бидејќи само три стотини и педесет милиони евра се проектите коишто се дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, кога на тоа ќе се додадат проектите коишто ги имаат одредени министерства надвор од овие две програми тогаш доаѓаме до фантастични половина милијарди евра, нешто што досега никогаш не е направено во поновата историја на Македонија.
Јас би сакал да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратеникот, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион со една заедничка тимска работа може да се постигнат многу работи, затоа ова што тие го манифестираат, мотивира, инспирира да ние како Влада продолжиме понатаму да испорачуваме проекти за граѓаните.

Македонски






