
Денеска имав чест да присуствувам на свечениот пречек на првиот лет на Turkish Airlines од Истанбул кон Охрид, кој пристигна на аеродромот „Свети Апостол Павле“. Овој нов авионски коридор претставува значаен чекор за поврзаноста на Македонија со светот, отворајќи нови можности за туризам, бизнис и културна разменаl напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Со воспоставувањето на оваа линија, Охрид уште повеќе се позиционира како атрактивна дестинација за туристи од Турција и поширокиот регион. Истовремено, македонските граѓани добиваат олеснет пристап до една од најголемите светски авио-мрежи, што ќе придонесе за подобра поврзаност и економски развој.
Голема благодарност до Turkish Airlines за довербата и инвестицијата во овој лет, како и до сите институции и партнери кои помогнаа во реализацијата. Ова е само почеток на една успешна соработка која ќе донесе бројни придобивки за двете земји!