
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, истакна дека државата има институции и ги повикуа да постапуваат за случајот.
Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам, одгвоори Мицкоски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.
Арсовска вчера информира дека при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, била нападната, прво вербално, а потоа и физички, пред припадници на МВР.
Синоќа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во нападот имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.