Skip to main content

Мицкоски: Во Црешово, Општина Гази Баба се постави камен темелник за изградба на спортска сала во вредност од 34 милиони денари

За мене претставува посебна радост и задоволство што денеска можам да кажам дека започнува со физичка реализација оној проект којшто го најавуваме уште во времето на кампањата, а тоа е децентрализација на средства од централниот буџет кон општините, истакна Премиерот Христијан Мицкоски за време на поставувањето на камен темелникот за изградба на спортска сала во Црешево, општина Гази Баба.

Општина Гази Баба, огромна благодарност, на градоначалникот Бобан, огромна благодарност на Министерството за образование и министерката, нивните тимови, луѓето коишто се залагаа за сето ова да биде реалност денеска. Огромна благодарност до пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба, советниците, администрацијата, вработените во Министерството за образование, што во рекорден рок успеаја да изготват проект со соодветна документација, одобрение за градба, потоа да организираат транспарента јавна набавка, избор на изведувач, да се потпише договор и денеска, пред крајот на годината да поставиме камен темелник на оваа спортска сала, проект вреден 34 милиони денари.

Нешто што повеќе од 6 децении е потреба на овие три населени места овде, за ова училиште коешто е позади мене, каде што учат 180 дечиња од овие населени места во Општина Гази Баба.

Јас сум навистина исклучително задоволен, среќен, затоа што тоа што го зборуваме тоа и го правиме.

Не сакаме да бидеме погрешно сфатени, имаме многу амбициозна агенда. Веќе на почетокот на следната година, ќе објавиме нов повик, којшто планираме да биде малку подолг, во рамките од три месеци да доставуваат општините проекти, за да немаме екстензии дополнителни и да можеме да го продолжиме ветувањето, тоа што го ветивме. Овие први 5 милијарди денари коишто ги обезбедивме, вкупно сосе проектите од Министерството за транспорт ќе достигнат и до 6 милијарди денари, коишто ги обезбедивме со ребалансот, гледате денеска од Општина Гази Баба почнуваат да се реализираат, а следните 15 милијарди денари, коишто ги обезбедивме за следните проекти, ќе почнат да се реализираат веќе од следната година.

Така што, уште еднаш еве да ги повикам сите градоначалници од сите општини од цела Македонија да поднесат проекти, а тие што веќе ги добија, да ги отпочнат.

Оваа Влада е партнер на општините, а преку општините и на граѓаните. Така функционираме така ќе продолжиме и да функционираме.

Нека е со среќа и нека ни се множат овие проекти, рече Мицкоски.

Поврзани вести