Skip to main content

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата, изјави од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на прашањата поврзани со уставните измени пред пратениците во Собранието.

Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата. Ако не бидат исполнети минимум два услови. Првиот услов, македонската заедница во Бугарија да ги добие загарантираните права, согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права.

И вториот, додека не добиеме гаранции за нашиот идентитет македонски, мојот македонски јазик, дека нема повеќе да има билатерални вета и дека нема никој повеќе оваа држава којашто многу пати покажала и докажала дека сака да биде дел од европското семејство, понела жртва како ниту една држава и овој народ и овие граѓани, како ниту едни граѓани од Европа понеле жртва. Дека нема повторно да имаат нови омаловажувања, нови понижувања и нови опструкции од било кој, од субјективни причини, изјави Мицкоски.

Поврзани вести