Skip to main content

Мицкоски со порака до опозицијата: Срамот кој му го нанесовте на народот и на Македонија ќе ве прати до крајот на животот

ВМРО ДПМНЕ

Ова не се само локални избори. Кога се само локални избори и кога значењето на тие избори е само за локални проблеми, тогаш зборуваме за нови патчиња, лици, булевари, градинка, училиште…

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денешниот народен митинг во Јегуновце.

Овие локални избори имаат државно значење, многу е важно да испратиме и политичка порака до нашиот политички противник и до граѓаните на Република Македонија. Ние го трасираме патот во годините кои следат, најавуваме пред граѓаните што не очекува како предизвик, но и што ќе работиме, на што е се фокусираме. До политичкиот противник ќе испратиме порака да извлече поука за грешките кои ги прави и тие грешки да не ги повторува во иднина бидејќи на нашата Влада потребна и е конструктивна опозиција со која ќе се натпреваруваме преку идеи, аргументи, програма. Нема да се натпреваруваме како денеска во оваа кампања, која опозицијата ја започна спротивно на сите теории и пракси, само со црна кампања, со напади фокусирани најчесто кон мене, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека го напаѓаат затоа што немаат ништо за фалење, туку само за срамење.

Тие 7 години единствено нешто што успешно го работеа беше ограбувањето, криминалот и корупцијата кои владееја, бандите кои царуваа и националното и државно распродавање, срамот кој го нанесоа на македонскиот народ, на македонските граѓани и Македонија како држава. Тоа ќе ги прати до крајот на нивните животи, порача Мицкоски.

Поврзани вести